Песков рече дека на Кремљ му е преку глава од прашања за обраќањето на Путин и им порача на Русите да престанат да „нагаѓаат“
Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин ги откажа новогодишните планови, а оваа година, на Нова година, нема да игра, како што традиционално, игра хокеј на Црвениот плоштад во Москва.
Путин ја откажа и вообичаената новогодишна прес-конференција, а нема да се обрати ниту пред Федералното собрание, пренесува руската новинска агенција РИА Новости.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ја пренесе веста дека Путин ги откажал новогодишните планови.
Песков рече дека на Кремљ му е доста од прашања за обраќањето на Путин до нацијата и им порача на Русите да престанат да „нагаѓаат“.
„Моите колеги велат дека е можно обраќањето да се одржи следната година, а има информации дека овогодинешното обраќање ќе биде писмено. Не, обраќањето никогаш не било напишано. А што се однесува до написите дека можеби ќе се одржи следната година, тоа секако е можно“, рече Песков.
Портпаролот на Кремљ не кажа зошто рускиот претседател ги откажал своите планови.
Путин го откажа и медиумскиот собир кој се одржува од 2001 година.
Путин последен пат беше виден во јавноста на 9 декември годинава, кога учествуваше на митинг во Киргистан.
Се додава дека е можно Путин да им се обрати на про-Кремљ новинари и новински агенции на крајот на годината. Се шпекулира дека ги откажал плановите поради војната во Украина, или ситуацијата на боиштата во Украина.
Ако Путин навистина ја откаже конференцијата на крајот на годината, тоа ќе биде првпат по десет години таа да не се одржи.
Британското разузнавање сугерира дека Кремљ ги откажал вообичаените планови за Путин да не мора да се справува со незадоволната јавност.
Следете не, не има насекаде