септември 20, 2024

Празни улици, напуштени трговски центри и жители кои се држат настрана едни од други се новото нормално во главниот град на Кина, Пекинг. Градот не е под официјален карантин поради политиката „нулта КОВИД“, но бројот на нови случаи се зголемува од ден на ден.

Пекинг е погоден од големо ширење на инфекција со корона – прва во кинескиот главен град од почетокот на пандемијата. Избувнувањето доаѓа една недела откако властите ја олеснија строгата политика на земјата „нулта КОВИД“.

Влијанието на епидемијата во градот беше видливо во вторникот во луксузниот трговски кварт Санлитун. Таму, обично полните продавници и ресторани беа празни од клиенти и, во некои случаи, работеа со намален персонал.

Covid cases explode in Beijing leaving city streets empty and daily life disrupted
PM, Premiers; there’s. a point of attrition; maskless indoors & unvaccinated visitors, the norm. Northern winters, latest C19 mutant virus; delivered to a hotel near you. https://t.co/W1aS1KdQgb

— Neville Johnstone (@Johnnyboy833) December 15, 2022

Слични сцени можат да се видат низ цел Пекинг. Компаниите се почесто пријавуваат многу тешки услови за работа поради големиот број болни вработени. Во исто време, здравите луѓе остануваат дома за да избегнат инфекција.

Еден од вработените во локалната администрација изјави за Си-Ен-Ен дека 21 од 24 вработени во нејзината канцеларија се разболеле во последните денови.

„Бидејќи и претпоставените се претежно заразени, немаме многу што да правиме“, рече Силвија Сан. „Вообичаените настани, предавања, претстави, активности родител-дете дефинитивно нема да се одржат“, додаде таа.

CNN: “This thing came on like a runaway freight train…” former Chairman of the American Chamber of Commerce in China.

Covid cases explode in Beijing leaving city streets empty and daily life disrupted. TODAY China’s National Health Commission gave up tracking new Covid cases. pic.twitter.com/H6WhNIrTgY

— shon gables (@shongables) December 14, 2022

Досега, мали епидемии

Пекинг претходно доживеа епидемии од помал обем. Надлежните служби до почетокот на декември го следеа секој случај на појава на зараза, но по експлозијата на бројот на заболени нема информации до каде е ширењето на корона вирусот.

Во средата, кинеската Национална здравствена комисија (NHC) се откажа од обидот да ги следи сите нови случаи, објавувајќи дека повеќе нема да вклучува дури ни асимптоматски инфекции во своите дневни извештаи.

„Невозможно е точно да се разбере вистинскиот број на асимптоматски инфекции“, наведуваат тие.

Петтина од заразените во Пекинг

Од средата наутро, Кина пријави 2.249 симптоматски случаи на национално ниво, со една петтина од оние откриени во главниот град. Проблемот е што опсегот на тестирање е намален, граѓаните можат да се тестираат во своите домови и како такви случаи – остануваат неевидентирани, па реалните бројки би можеле да бидат многу поголеми.

Во објава на Твитер, адвокатот од Пекинг и поранешен претседател на Американската стопанска комора во Кина, Џејмс Цимерман напиша дека околу 90 отсто од луѓето во неговата канцеларија се разболеле, што е двојно повеќе од бројот пред само неколку дена.

„Нашата политика „Работа од дома“ сега е „работа од дома ако сте доволно здрави“. Ова излезе од шините како товарен воз“, напиша тој.

Научниците тврдат дека релативно малиот број на претходно заразени пациенти со КОВИД во Кина и помалата ефикасност на широко користените вакцини може да овозможат брзо ширење на вирусот.

„Сегашните соеви ќе се шират побрзо во Кина отколку што се шират во другите делови на светот, бидејќи тие други делови од светот имаат одреден имунитет против инфекција од претходните бранови на претходните соеви на омикрон“, рече епидемиологот Бен Каулинг.

Главните болници во градот забележале 19.000 пациенти со симптоми на грип од 5 до 11 декември – шест пати повеќе од минатата недела. Бројот на пациенти кои ги посетувале клиниките за треска беше 16 пати поголем во неделата од претходната недела.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK