мај 19, 2024

Исповед на мајка чиј петгодишен син починал од опасна стрептококна инфекција од типот А.

Мајка чиј петгодишен син починал од стрептокока А, сподели какви симптоми имал како предупредување додека оваа инфекција ја зафаќа планетата. Петгодишниот Џекс било весело момче, „вистинско момче на мама“, но му се слошило и бил однесен на лекар. Таму направиле фатална грешка, и кажале на мајката дека малиот има само грип и ги испратиле дома.

Шарлин Џефрис опишала како Џекс имал симптоми слични на грип, му дале лекови за лекување на болеста и го испратиле дома. Уште три пати побарале помош од лекар и секој пат добивале ист одговор. Дури кога состојбата на малиот наеднаш се влошила и престанал да реагира, биле примени во болница. Но, малиот Џекс, за жал, починал.

„Ги следевме сите совети на лекарот, но по четири дена мораше да оди во болница бидејќи состојбата му се влошуваше. Дури по неговата смрт беше извршена обдукција и анализа која покажа дека има инфекција со стрептококна А. Беше прекрасно момче и им благодарам на лекарите, навистина направија се што можеа“, изјави Шарлин, која има уште три деца.

Симптомите на стрептокок А се:

Осип
Болка во грло
Црвени образи
Мускулна болка
Висока температура
Кожни рани

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK