Украина и Европската комисија потпишаа договор за поддршка од сто милиони евра за обнова на училиштата во Украина.
Парите ќе бидат испорачани преку хуманитарни организации кои соработуваат со ЕУ, а дел како буџетска поддршка за украинската влада.
Четиринаесет милиони евра се алоцирани преку договор со полска развојна банка, а ЕУ донира над 240 школски автобуси преку Цивилниот механизам.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека врвен приоритет на ЕУ е децата да се вратат на училишните клупи.
-Денеска го исполнуваме ветувањето да поддржиме рехабилитација на оштетените училишта, уништени во бруталната војна на Русија, рече фон дер Лајен.
Следете не, не има насекаде