октомври 12, 2024

Американската пејачка Мајли Сајрус тврди дека видела НЛО и дека на таа средба воспоставила контакт со очи со вонземјани. Мајли ова го раскажа за магазинот „Интервју“ и го опиша како едно од најтрауматските искуства во нејзиниот живот.

„Тој ме погледна и ние воспоставивме контакт со очите. Тоа е она што особено ме шокираше, да гледам во очите на нешто што не можев да си  објаснам што е. Потоа се тресев околу пет дена. Ме уништи целосно. Не можев да го гледам повеќе небото со истите очи. Мислев дека можат да се вратат“, рекла Мајли.

Сајрус раскажала дека не била сама кога се случила мистериозната средба, туку дека со пријатели се возела низ Сан Бернардино.

„НЛО нè бркаше. Јас сум прилично сигурна во она што го видов, но исто така знам и дека купив марихуана од момче во сомнително комбе, па можно е да е од тоа. Не го видов само јас, НЛО-то го видоа и други луѓе. Леташе и светкаше жолто“, раскажала пејачката.

 

The post Мајли Сајрус тврди дека видела вонземјанин: Се гледавме во очи appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK