октомври 12, 2024

Деновиве на социјалните мрежи се појави страшна снимка од напад на крокодил врз пливач и неговото куче во Австралија.

Мицкоски демантира дека тврдел оти пролетва ќе имало предвремени избори
АЛАРМ НА ЗАПАД | Кина е на чекор од испорачување на дронови и муниција на Русија
Пеп: Престанете да го критикувате Халанд, тој не е Меси (ВИДЕО)
Нова морничава дрога се шири во Америка: Ги претвора луѓето во зомби, сега е откриена и во Њујорк
ХЕРОЈСКИ СКОКНА НА КРОКОДИЛОТ ДА ГО ОДБРАНИ КУЧЕТО: Се бореше за животот на својот миленик! (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

ХЕРОЈСКИ СКОКНА НА КРОКОДИЛОТ ДА ГО ОДБРАНИ КУЧЕТО: Се бореше за животот на својот миленик! (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

На него се гледа како туристот Алистер Мекфи (37) постојано го удира животното во обид да избега откако тоа скокнало од водата во Квинсленд, во близина на Порт Даглас. Човекот бил во вода до колена со својот ротвајлер кога биле нападнати.

Крокодилот прво се обидел да го вовлече во водата, а потоа се сврте кон миленикот. Го грабна и го одвлече во длабочините, а потоа Мекфи скокнал врз него и почнал да го удира за да го заштити кучето.

Меѓутоа, туристот обилно крварел од длабоката рана на ногата и не можеше да го одбрани миленикот од ѕверот. На крајот, тој немаше друг избор освен да се повлече на работ на водата, бидејќи за кучето немаше спас.

ХЕРОЈСКИ СКОКНА НА КРОКОДИЛОТ ДА ГО ОДБРАНИ КУЧЕТО: Се бореше за животот на својот миленик! (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Тој бил забележан од ренџер кој не бил на должност и бил итно пренесен во блиската клиника, а потоа во поголема болница во Кернс. Мекфи е во стабилна состојба по операцијата.

Претставници на Одделот за животна средина и наука (DES) изјавија за локалниот весник Cairns Post дека крокодилот бил пронајден и застрелан доцна во четвртокот навечер.

Џош Патерсон од Здружението на Абориџините Џабалбина Јалањи рече дека еден од неговите чувари го пронашол Алистер. Тој за медиумите изјавил дека човекот „бил уништен од болката поради губењето на кучето“ и верува дека миленичето починало бидејќи му дошло на помош.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK