октомври 12, 2024

Шеесет и четиригодишниот Драган Пејоски од Струга не може да наплати надомест за материјална и нематеријална штета во висина од 152 илјади денари причинета од каснување од куче скитник оти, како што му рекле, Комуналното претпријатие нема пари, објави СДК. По 6 години одење по судови останале само лузните по телото и траумите.

Основниот суд во Струга донел правосилна и извршна пресуда за надомест на штетата, но износот се уште не му е исплатен. Вели дека сега правдата ќе ја бара пред Судот за човекови права во Стразбур.

 

Зедов адвокат, поднесов тужба против Комунално Струга како надлежен за кучињата. Спорот го добив, се жалеа до Апелација Битола и таму го добив спорот и до ден денеска, после шест години, не наплатив. Го дадов на извршител кој до ден денес не може да наплати оти велат немаме пари. Не знам дали треба да си партиски војник за да наплатиш или што е работава. Има и други случаи после мене и тие не можат да наплатат, вели Драган.

Каснувањето се случило во 2016, наутро кога чекал превоз за да оди на работа. Вели дека десетина кучиња го касале по телото, но немало кој да му помогне оти било рано наутро.

The post Правдата ќе ја бара во Стразбур: Стружанец шест години чека надомест на штета, откако бил искасан од кучиња appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK