ноември 23, 2024

Какво ни е здравството, подобро нека нè служи здравјето, вели д-р Игор Николов во интервјуто за Република.

Тој во интервјуто опширно говори за состојбите во македонското здравство, како и последните настани околу Фондот за здравствено осигурување (ФЗО).

 

Какво ни е здравството, подобро нека нè служи здравјето. И порано македонското здравство било на смртна постела, но овој пат е во терминална фаза. Има пари во Фондот, но нема лекови, ни умираат пациенти, кадарот си заминува, вели Николов.

Подолг период беше нападнат и системот на ФЗО, Николов вели дека не се знае дали се пробиени само податоците за исплатата на трошоците на пациентите или и нивните дијагнози.

Доколку лекарска тајна е пробиена, тогаш се загрозуваат човекови права. Не знаеме дали се случило тоа и дали се преземени овие податоци, но сметам дека е потребно да се понесе одговорност и веднаш да поднесат оставки директорите, вели Николов.

Целото интервју на Николов за Република може да го отворите и прочитате ТУКА.

The post Д-Р Николов: Какво ни е здравството, подобро нека не служи здравјето. appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK