октомври 12, 2024

Советот на Град Скопје донесе одлука со која спортските сали во скопските средни училишта ќе можат да ги даваат под закуп директорите на училиштата.

Пред само десет месеци истиот Совет на предлог на градоначалничката Данела Арсовска донесе одлука за нов правилник за издавање под закуп на имотот на Град Скопје со кој директорите немаа право да ги издаваат спортските сали или дворовите на училиштата туку, како што беше кажано тоа ќе го прави Градот.

Арсовска новата одлука ја прогласи за незаконска и најави дека нема да ја почитува, со што уште повеќе се продлабочува конфликтот помеѓу неа и советниците во Советот.

„Одлуката која ја предложивте сега е незаконска, ваша е одлуката дали ќе гласате за неа, а наша обврска е нешто што е спротивно на законот да не го спроведеме“ рече Арсовска.
Инаку, претходната одлука, со месеци остави десетици спортски клубови без спортски објекти, а клубовите кои јавно се побунија како оние од општина Ѓорче Петров ба предмет на притисоци и вонредни инспекциски надзори од Градот.

Сепак, по денешната одлука се уште не е јасно дали салите ќе им се вратат на клубовите или пак, како што обвинуваат тие, ќе завршат кај блиски соработници на Арсовска.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK