За многу години празникот Прочка или Велики Поклади.
Во духот на вековната традиција и прилепските и македонски обичаи, со гордост денес го празнуваме празникот Прочка кој што од верски аспект претставува манифестација на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните.
Корените, традицијата и обичаите како нераскинлив дел во постоењето на нашата милениумска македонска историја ни давааат обврска дека мораме да ги почитуваме и да ги негуваме, а со самото тоа цврсто да ја чуваме нашата врска со се она што претставува македонска вера и традиција.
Да простиме и да побараме прошка е голема човечка особина, со цел да покажеме дека сите сме луѓе пред се…
Прилепските Мечкари ја претставуваат најпознатата маска која што според некои документи датира од 30-тите години на минатиот век и со нејзината симболика која што означува бркање на злите духови, утринава го означија почетокот на денешниот карневал.
Посебна магија и свој белег на годинешниот Карневал, дефинитивно оставија и многубројните маски кои што беа изработени од нашите прилепски ученици под менторство на нивните наставници и професори и со кои што преку еден многу креативен и специфичен начин ја видовме вековната традиција и симболика на празникот Прочка..
Покрај преубавите и бројните маски како што најавивме вчера се појави и Тито со неговата сопруга Јованка Броз од село Куратица- Охридско. Маската да биде комплетна маршалот беше придружуван и од титовата гарда, а се разбира пристигна со неговиот Мерцедес, но овој пат не мафташе од него…..
The post Тито од село Куратица со гардата прстигна во Прилеп. appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде