ноември 23, 2024

Сите понекогаш грешиме, но човечки е да се покаеме и да побараме прошка.

Пред утрешниот голем празник Прочка, кажете си ја оваа кратка молитва која ќе ви даде утеха и смирување.
Прости ми, Боже, се каам, прости ми, во жалост е срцето мое. Прости ми ги Боже моите салбости и злобни зборови. Прости ми и дарувај ми ја твојата милост. Без твоето простување јас немам мир, моите денови се исполнети со болка. Прости ми ги гревовите, мој Боже.

Прости ми го и секое ненамерно направено зло, прости ми што понекогаш јазикот ми е побрз од умот, прости ми што понекогаш заборавам рацете да ги склопам и да ти се помолам, прости ми што умот ми го заземаат многу други обврски.
Барам утеха во зборовите упатени кон тебе и се молам за посреќно утре. Прости ми мене и на моите ближни, прости што во деновите забораваме да те споменеме.

Прости ми Боже. Амин.
Да не заборавиме и да им простиме на нашите блиски, оние кои ненамерно ни нанеле зло. Со простувањето си дозволуваме себеси да чекориме напред со чисто срце и слободен ум.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK