113
Споделувања
Интензитетот и опсегот на упатените дојави, како и примерокот кој се применува за дојавите за бомби во земјава, но и во други земји, дава основана претпоставка дека станува збор за хибридни напади, изјави премиерот Димитар Ковачевски, кој денеска и лично беше афектиран од масовниот бран дојави за поставени експлозивни направи откако токму од таква причина беше одложена конференција во хотелот „Александар Палас“ каде тој требаше да има воведно обраќање.
<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>
„Кога се организирани со ваков интензитет, со толку широк опфат, со таргетирање на места, институции, објекти и градови со голем број на жители, каде што се повторува моделот (примерок) на пораки кои се исти во повеќе држави, а се исти во многу држави, тогаш може да се постави претпоставка дека се работи за хибридна војна, бидејќи ако е изолиран случај на адолесценти на хакери тогаш нема во толку многу држави на толку исти институции во толку исти денови, со толку ист интензитет да се случуваат ако се изолирани случаи“, рече Ковачевски на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата за презентација на буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2023 година.
Ковачевски нагласи дека тој и министерот за внатрешни работи веќе информираа дека надлежните сектори во МВР работат во координација со партнерските служби во НАТО, чија членка сме, и се справуваат со овој проблем, како и дека ова не е само проблем на нашата земја туку и во многу други држави.
„Доколку ги погледнеме пораките кои денека се пуштени за дојави на бомби во нашата држава и доколку се споредат со пораките, на пример, во Црна Гора или други држави, ќе се види дека се работи за речиси идентични пораки на кој начин се најавуваат бомбите. Тоа што некоја држава успеала да најде еден случај на некој што дојавувал тоа не значи дека се најдени сите. Исто така и ние ве информиравме дека најдовме еден случај на наш граѓанин кој што тоа го имаше правено за кој што се води соодветна постапка“, рече Ковачевски.
Тој ги поврза дојавите, како облик на хибридна војна, со воениот конфликт во Украина, означувајќи го како најголемиот воен конфликт на континентов по Втората светска војна поради нападот на Русија врз Украина, и тоа на помалку од 1.000 километри од нашата држава.
„Со оглед на средствата за комуникација кои се достапни денес во 2022 година, споредено со она што било достапно во 1941 година кога не биле можни хибридни војни и сајбер напади, за очекување е дека ова е дел на она што се случува на европскиот континент. Доколку ја гледате содржината на бомбите многу е јасно дека во Европа постојат две страни – едната која смета дека не треба државите сами да го определуваат својот демократски пат, како што тоа ѝ е ускратено на Украина, дека немаат право помалите држави сами да одлучуваат за својата иднина; и друга страна на која ние ѝ припаѓаме, на демократскиот свет, страна која е членка на најголемиот одбранбен сојуз во светот и која се состои од членки на ЕУ и на оние кои што ќе бидат членки на Унијата, како што е нашата држава“, рече Ковачевски.
Извор: МИА