Археолозите на „бебешки гробишта“ во Италија на местото Лунјани, откриле скелет на момче од 5 век, а се претпоставува дека детето починало од маларија.
Во неговата уста имало камен кој требало да го заштити од зли сили. Тоа е необичен обичај за културата на стариот Рим. Тим на археолози од Универзитетот во Аризона и Универзитетот Стенфорд откриле скелет за време на ископувањето на локација позната под името „бебешки гробишта“ каде како се верува се погребувале доенчињата кои ќе починале од маларија.
Пронајдениот скелет на детето со камен во устата укажува на тоа дека тие кои го закопале стравувале дека ќе се врати од мртвите и ќе ја пренесе болеста на преживеаните.
На основа на положбата на отворената вилица, археолозите заклучиле дека каменот намерно е тука ставен, затоа што не можел истиот да се најде на тоа место по природен пат, поради распаѓањето на телото, а на површината на каменот приметиле и траги од заби.
За време на претходните ископувања на „Бебешките гробишта“ пронајдени се разни предмети кои укажуваат на употреба на магија во тоа време, од типот на користење на жабји коски, бронзени казани исполнети со пепел, нозе од гаврани и слично.
The post Археолозите ископале детски скелет од 5. век за кого сметаат дека бил вампир appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде