Жител на Кичево на возраст од 56 години физички нападнал делегат на ракометен натпревар за време на полувремето, кој се одржувал во спортската сала „Христо Узунов“ во Кичево.
Според информациите од МВР, вчера било пријавено е дека во 11,45 часот, на полувреме од ракометен натпревар одржан во спортската сала „Христо Узунов“ во Кичево, Ј.Ш.(56) од Кичево, го нарушил јавниот ред и мир и од трибините влегол во спортскиот терен по што, физички го нападнал делегатот на натпреварот, С.Р.(36) од Охрид.
Натпреварот е прекинат и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Следете не, не има насекаде