ноември 23, 2024

По скоро два месеци од укинувањето на пресудата, денеска започнува новото судење за масовното прислушување односно предметот „Таргет-Тврдина“. Со полициско комбе и придружба, ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, треба да биде спроведен од затворот во Струга до Кривичниот суд.

Предметот ќе го суди судијата Илија Трпков, бидејќи Владимир Туфегџиќ кој во претходната постапка ја донесе пресудата за овој предмет замина од Кривичниот суд. По денешното, ново судење за прислушувањето е закажан веќе за утре. Во овие два дена, обвинетите ќе се произнесат за вина, па судијата ќе треба да одреди динамика за идните судења.

За делата на Мијалков и другите обвинети да не застарат, правниците сметаат дека е важен секој ден оти се пред застарување. Предметот е обемен, а пред пресудата да биде укината процесот од првото судење до одлуката на Апелација траеше пет години.

Ако динамиката тече исто како и претходно, а делата на обвинетите им застаруваат во 2025 година, односно за две години, тогаш пресметките покажуваат дека е невозможно да се дочека одговорност за масовното прислушување.

Застарувањето на делата за Мијалков и другите обвинети за прислушувањето ќе значи дека државата ќе треба да плаќа отштета на сите незаконски прислушувани граѓани. Ова е трето по ред прислушување, кое е на пат да остане неказнето.

Претходно, Кривичниот суд донесе осудителна пресуда, а Апелација ја укина. Образложението зошто предметот треба да се суди одново е дадено на седум страници. Меѓу другото, главната забелешка била што во првостепената пресуда немало опис на кривичните дела за кои Мијалков и другите се прогласени за виновни. Апелација бара и да се утврди колку лица биле прислушувани, преку кои уреди и во кој период.

Апелациските судии Јани Нича, Енвер Беџети, Ѓоко Ристов, Тања Милева и Лидија Чачева го држеа предметот една година и 10 месеци. Доколку не го вратеа предметот на повторно судење, а со преотворање на главната расправа и повторен главен претрес, можеа да пресечат дали обвинетите се виновни или не. А потоа ќе се произнесеше Врховниот суд.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK