ноември 22, 2024

21-годишната Тилан Блондо од Франција, која на 6-годишна возраст ја понесе титулата најубаво девојче на светот, привлече големо внимание на Модната недела во Милано.

Блондо била дел од ревијата на брендот „Diesel“, а на модната писта се појавила во бел топ и долго тексас здолниште, во комбинација со мала сива чанта.
Тилан стана модел на само 4 години, а на 10-годишна возраст позираше за насловната страница на „Vogue“. Многумина тогаш имаа лоши коментари за фотографиите и целата приказна ја нарекоа „сексуализирање на деца“.

Младата Французинка е ќерка на познатата ТВ водителка Вероника Лубри и фудбалерот Патрик Блондо. Од најубавото девојче на светот, Тилан стана една од најубавите девојки на модната сцена.

Популарна е и на Инстаграм, каде ја следат 6,5 милиони луѓе.
Инаку, луѓето на ревијата на „Diesel“ ги дочека неочекувана сцена – креативниот директор на брендот, Глен Мартинс, направил брдо од кондоми, поточно 200.000 кондоми. Ревијата ја посетиле околу 3000 луѓе, а поканите им пристигнале во кутии со кондоми.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK