октомври 13, 2024

На армискиот полигон „Криволак“, денеска со прелети на воени воздухоплови, се реализираше заедничка обука во навигациско наведување на специјализирани тимови од Армијата на Република Северна Македонија и Вооружените сили на САД.

– За време на активноста, два воени воздухоплови, од состав на ВС на САД, преку симулација на блиска воздушна поддршка, овозможија проверка на процедурите во навигациско наведување на копнени цели од воздух, како дел од здружената воздухопловна контрола, соопштија од Генералштабот на Армијата.

Притоа, специјализираните тимови на Армијата на Република Северна Македонија и ВС на САД имале можност на терен да ги извежбаат постапките во координирање, воздушно наведување, блиска воздушна поддршка и наведување на копнени цели од воздух.

Преку ваквите вежбовни воздухопловни активности во текот на изминатата година, се посочува во соопштението, во потполност беа потврдени обученоста и целосната интероперабилност не само на тимовите на терен, туку и на составите вклучени во навигација и кои се дел од здружената контрола на воздушниот простор.

– Овој вид на здружени воздухопловни активности ни овозможуваат да ја прикажеме нашата интероперабилност во тактиките, техниките и процедурите на НАТО и можностите кои ги нуди АП „Криволак“. Воедно, го потврдуваат заедништвото и функционирањето на колективниот систем за одбрана во одржување на безбеден воздушен простор на сите НАТО сојузници, соопштија од ГШ на Армијата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK