Состојки:
400 грама пилешки филе, 1 главица кромид, 200 грама ориз, 5 децилитри јогурт, зачин, бибер и 1 лажичка куркума (по желба).
Подготовка:
Месото исечкајте го и пропржете го со кромидот, сето тоа зачинете го. Измијте го оризот. Ставете половина од прженото месо во подмачкан огноотпорен сад, па преку него ставете половина од измиениот и исчистен ориз. Постапката повторете ја додека не ја потрошите смесата. Истурете јогурт и покријте го со фолија. Ставете го во ладна рерна и вклучете на 180 степени и печете околу 45 минути. До крајот на печењето извадете ја фолијата за оризот убаво да се запече.
The post Рецепт за ориз во тавче со месо appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде