– Кина дозволи асимптоматските случаи на инфекција со Ковид-19 и оние со благи симптоми да се лекуваат во карантин дома, објави денеска кинеската Национална здравствена администрација (НХЦ).
Во соопштението се додава дека доколку е потребно, пациентите итно ќе бидат хоспитализирани.
Кинеските власти продолжија да ги олеснуваат мерките против коронавирусот, по минатомесечните демонстрации против политиката на „нулта толеранција кон Ковид“.
Претходно, само поради еден позитивен случај беа затворани цели заедници и со недели. Минатиот месец, според новите и помалку строги правила за карантин, затворени беа само погодените згради.
– Областите со висок ризик треба да бидат прецизно дефинирани по зграда, единица, под и домаќинство и не треба произволно да се прошируваат на цели станбени комплекси и заедници, се посочува во соопштението.
Здравствените власти ги повикаа локалните власти „одлучно да ги коригираат поедноставените, униформни мерки за сите и да додадат дополнителни мерки“ за спречување на Ковид-19 и да го отфрлат и надминат „формализмот и бирократијата“.
НХЦ наведе вкупно 10 нови упатства кои ги следат 20. мерки објавени на 11 ноември за „оптимизација“ на протоколите за превенција и контрола на Ковид.
Следете не, не има насекаде