– Војник на германскиот Бундесвер е осомничен во големата истрага на германските власти против десничарското екстремистичко „Граѓанско движење на Рајхот“, што во последните 24 часа резултираше повеќе рации низ земјата, изјави денеска портпаролот на контраразузнавачката служба.
Активен војник во командата на Специјалните сили на Бундесверот (КСК) и неколку резервисти на Бундесверот се осомничени во оваа операција на полицијата, изјави портпаролот на Воената контраразузнавачка служба.
Куќата на војникот и неговата канцеларија во касарната „Граф Цепелин“, во покраината Баден-Виртемберг, се претресени како дел од националните рации против движењето, кое не го признава постоењето на германската држава, а наводно, според пишувањњето на медиумите, се подготвувало да изведе и државен удар .
Германските меидуми јавуваат дека полицијатга изведе рации на 130 локации, во 11 од 16-те германски сојузни покраини.
Следете не, не има насекаде