Грета Дирмиши, 24-годишна стјуардеса, почина од синдром на ненадејна смрт на возрасни, покажа истрага.
(Видео) Кузеска: Мицкоски е феномен сè што кажа излезе обратно, покажа дека е слаб, без став и без компас
Брнс: Путин е уверен дека ќе победи во војната исцрпувајќи ја Украина
5 големи придобивки од редовното доживување оргазам
Млада Албанка почина од синдром на „ненадејна смрт кај возрасни“
Борел: Се надевам дека Вучиќ и Курти ќе имаат конструктивен разговор
Млада Албанка почина од синдром на „ненадејна смрт кај возрасни“
Стјуардесата Грета Дирмиши работела за „Ер Албанија“, а потоа ненадејно починала во декември минатата година, веднаш по слегувањето од летот од Тирана за Есекс, пишува „Дејли мејл“.
Истрагата само што заврши, а покажа дека 24-годишната починала од синдром на ненадејна смрт на возрасни. На лице место брзата помош се обидела да ја реанимира, но залудно.
Експертите го опишуваат синдромот на ненадејна смрт НА ВОЗРАСЕН (САДС) како ненадејна смрт предизвикана од срцев удар, но причината за срцев удар не може да се најде. Во повеќето случаи, тоа се случува за време на спиењето.
„Кратко време по слетувањето, Албанката паднала и добила прва помош, но по 10 минути немала пулс“, изјавила Мишел Браун, судски вештак за Есекс, додавајќи: „Се се случило во близина на влезната врата на авионот“.
„Изгубивме одличен работник и пријател“
„Ер Албанија“ ја објави целата ситуација и соопшти: „На 21 декември, откако ги симнавме патниците во Лондон, една од нашите стјуардеси, Грета Дирмиши, имаше срцев удар и покрај непосредната реакција на брзата помош, сепак ја загубивме.
Во Велика Британија овој синдром одзема повеќе од 500 животи годишно, а особено загрозени се лицата со срцеви мани кои не го добиваат пропишаниот медицински третман.
Следете не, не има насекаде