ноември 21, 2024

Сопственикот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи, најави дека ќе се обиде да го убеди аргентинскиот фудбалер Лионел Меси да го продолжи договорот со францускиот шампион.

Меси има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, а Ал Келаифи рече дека сака аргентинскиот капитен да остане во клубот од Париз најмалку до јуни 2024.

„Меси е многу среќен, тоа се гледа во дресот на Аргентина. Ако играчот не е задоволен, не игра добро. Оваа сезона игра фантастично со ПСЖ, постигна многу голови и асистенции. Значи, тоа што задно го договоривме е по завршување на Светското првенство да седнеме да разговараме. Меѓутоа, среќен е и ние сме среќни со него“, изјави Ал Келаифи.

Тој додаде дека е уверен оти Меси може да игра на врвно ниво, иако наскоро ќе го прослави својот 36. роденден.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK