ноември 23, 2024

Во моментов на бугарско-македонската граница има 11 камиони кои носат оружје од Турција и одат кон Косово, пренесува српски Курир.

Државните органи на Република Србија добиле информација од увид на патните писма, неофицијално, дека на бугарско-македонската граница во моментов има 11 камиони кои одат кон Косово дознава Курир. Наводно, камионите носат најсовремено оружје од Турција во вредност од 27,5 милиони евра.

Наредбата наводно ја побарало Министерството за одбрана на Косово. Камионите се опремени со најсовремено оружје како минофрлачи и проектили.

Да потсетиме, Владата на Србија денеска поднесе барање за враќање на сто до илјада српски безбедносни сили според резолуцијата 1244 на територијата на Косово. Барањето е доставено до КФОР на административниот премин Мердаре.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK