ноември 22, 2024

Главната расправа од судењето против напаѓачот над секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков, е одложено за 5 април.

Судот го прифати барањето на одбраната на обвинетиот рочиштетот да се одложи и да им бидат доставени доказите прибрани од Обвинителството. Нема доставено и адреса на оштетениот Пендиков, а обвинителите кажаа дека не знаат кога тој ќе може да дојде во судот поради здравствени причини.  

Судскиот процес во Основниот суд во Охрид го води судијата Бојан Мартиноски, а на напаѓачот ќе му се суди за крвично дело напад од омраза со тешки повреди.

Основното јавно обвинителство – Охрид за нападот врз Пендиков поднесе обвинение против две лица. Едниот обвинет досега се бранеше со молчење, и како што информираа претходно од Обвинителството, тој се товари за кривичното дело по увид во надзорните камери и изјави на сведоци. Вториот обвинет, пак, кој беше во бегство, беше приведен минатата недела во Битола.

Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19 јануари во кафе-бар во Охрид. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје. Бугарските власти испратија авион со кој Пендиков беше транспортиран на лекување во Софија каде што се уште се наоѓа.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK