ноември 25, 2024

Дали одбегнувате да внесувате масти во исхраната? Најновите истражувања покажуваат дека треба да престанете со таа навика бидејќи маснотиите помагаат да живееме подолго.

Исхраната богата со свежа храна и здрави масти е диететскиот план до кој треба да се држите, се разбира, доколку немате некои здравствени ограничувања.

Најголемото истражување за медитеранскиот начин на исхрана PREDIMED со години ги следи ефектите од оваа диета кај речиси 7400 испитаници во седум заедници во Шпанија кај кои има висок ризик од болести на срцето.
Учесниците во истражувањето ја следеле диетата Med Diet со додаток од грст јаткасти плодови дневно или Med Diet plus со додаток од 50 мл маслиново масло дневно.
И двете групи биле споредени со група што следела план на исхрана со намалени маснотии.

По речиси пет години, испитаниците од првата група кои јаделе јаткасти плодови најмалку трипати неделно имале за 30% помал ризик од срцев удар, мозочен удар или смртност од срцеви проблеми, како и двојно помал ризик (52 отсто) од дијабетес. Исто така успеале да го спречат опаѓањето на когнитивните способности поврзано со стареењето.
Истражувањето покажало дека кај првата група немало зголемување на телесната тежина (иако испитаниците внесувале повеќе калории) во споредба со испитаниците од контролната група со исхрана со намалени масти.
Ова покажува дека советот за внесување помалку масти бил погрешно протолкуван. Потребни ни се маснотии во исхраната, тие содржат масни киселини и се важни во апсорпцијата на витамините растворливи во маснотии, како А, D и Е.

Прашањето е колку и какви масти?
Нутриционистите советуваат околу 30-35% од вкупниот број на калории да биде од масти, особено незаситени.
Тоа значи да се внесуваат 40 до 85 грама масти дневно во зависност од нивото на активност, полот, возраста и животната фаза. Ваквиот начин на исхрана треба да содржи:

Маслиново масло како главен избор на масло за готвење и приготвување храна (60 мл дневно)
Зеленчук/салати со секое главно јадење (најмалку 400 гр дневно)
Билки и зачини како додаток на храната
Мешункаст зеленчук (двапати неделно, 250 гр по порција)
Риба/морска храна двапати неделно (150 гр по порција), а друг вид на месо јадете поретко и во помали порции
Бирајте интегрален или леб со зрна
Јадете свежо овошје секој ден
Секој ден внесувајте ферментирани млечни производи, како јогурт
Секој ден јадете 30 грама јаткасти плодови
Пијте вино во умерени дози, заедно со главен оброк.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK