Пејачката Адел (34) и спортскиот агент Рич Пол (41) наводно планираат летна венчавка, две години откако ја објавија својата врска во јавност.
Среќната вест ја објавија британските медиуми, кои велат дека тврдењата потекнуваат од „многу сигурни извори“.
Воедно, Адел била видена како носи огромен дијамантски прстен на до малиот прст на најновото шоу во Лас Вегас за време на викендот.
Хитмејкерката дебитираше со прстенот на BRIT Awards во февруари минатата година. Иако ова сугерира дека парот е свршен најмалку една година, тие никогаш официјално не потврдија дека ќе се венчаат.
Адел и Рич последен пат се појавија заедно на Супербоул на почетокот на месецов.
Адел се мажи? На раката на пејачката заблеска огромен дијамант, а таа не престанува да зборува за деца
За време на интервјуто за „Elle“ во август, Адел откри дека нејзиниот сон е да биде „домаќинка“, откако ги откри плановите за брак и деца со момчето Рич.
„Никогаш не сум била волку заљубена. Опседната сум со него. Дефинитивно сакам уште деца“, откри тогаш Адел.