ноември 21, 2024

Неутрализирани се организаторот на минофрлачки напади врз турските безбедносни сили, Осман Мутлу, и таканаречената шефица за пропаганда на ПКК, Сонѓул Таринџи

ационалната разузнавачка служба на Туркије (МИТ) неутрализира двајца терористи на ПКК на северниот дел на Ирак и Сирија, организаторот на минофрлачки напади врз безбедносните сили, Осман Мутлу и таканаречената шефица за пропаганда на ПКК, Сонѓул Таринџи, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според информациите од безбедносни извори, терористката Таринџи со кодно име „Роза“ имала различни улоги во градските активности на терористичката организација во 2010 година, а потоа се придружила на руралните структури на организацијата ПКК во Дијарбакир во 2013 година.

Таринџи и нејзините двајца телохранители, за кои беше утврдено дека биле активни во таканаречените „Аполо академии“, кои учествувале во операциите против турските безбедносни сили во Сирија и обезбедувале оружје и идеолошка обука на терористите во регионот на Гара во Ирак, се неутрализирани во операција на МИТ.

Осман Мутлу, со кодно име „Дилхваз Агир“, припадник на ПКК/ЈПГ кој ги организирал минофрлачките напади врз безбедносните сили во пограничниот појас на Мардин и управувал со терористичките активности како пренесување бомби и оружје, е неутрализиран во возило што превезувало оружје и експлозиви.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца. ЈПГ е сириски огранок на терористичката ПКК.

AA

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK