ноември 22, 2024

„Мислам дека можеме да ставиме крај на арапско-израелскиот конфликт и да постигнеме мир со Палестинците, само треба да бидеме креативни во врска со тоа“

Мандатарот за израелски премиер, Бенјамин Нетанјаху, вчера рече дека ќе се движи кон насока на воспоставување целосни дипломатски односи со Саудиска Арабија штом стапи на функцијата.

„Мислам дека можеме да ставиме крај на арапско-израелскиот конфликт и да постигнеме мир со Палестинците, само треба да бидеме креативни во врска со тоа“, рече Нетанјаху во интервју за саудиската телевизија „Ал Арабија“.

Тој, исто така, рече дека потегот ќе претставува „квантен скок за севкупен мир меѓу Израел и арапскиот свет“, истакнувајќи дека тоа ќе го промени регионот „на начини кои се незамисливи“.

Досега нема коментар од саудиските власти за изјавите на Нетанјаху.

Саудиска Арабија нема воспоставено дипломатски односи со Израел и се противи на нормализацијата на односите со Тел Авив до завршување на повеќедецениската израелска окупација на палестинските територии.

Сепак, дозволи нејзиниот воздушен простор да се користи за авијациски цели меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати и Бахреин, двете земји кои ги нормализираа односите со Израел во септември 2020 година.

Рокот на Нетанјаху за формирање на израелската влада завршува на 21 декември.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK