Противпожарните екипи се обидуваат пожарот во трговскиот центар да го стават под контрола
Во трговски центар во истанбулскиот кварт Шишли избувна пожар. Противпожарните екипи се обидуваат да го стават пожарот под контрола.
Пожарот избувна на покривот на двокатниот трговски центар на улицата „Бујукдере“ во населбата Левент. На самото место се испратени голем број противпожарни, полициски и медицински екипи.
Поради пожарот кој создаде голем чад, екипите побараа дополнителни возила од квартот Бакирќој и тимска поддршка од другите околни места. Противпожарна поддршка е добиена и од истанбулските квартови Бешикташ, Сејрантепе, Шишли, Бејоглу, Бакиркој и Султангази.
Граѓаните и вработените во трговскиот центар се навремено евакуирани.
Пожарот предизвика густ чад што се издигна на небото над Истанбул, кој може да се забележи од околните места и од анадолскиот брег на теснецот Босфор.
Во гаснењето на пожарот учествуваат 106 пожарникари со 34 возила, обидувајќи се пожарот во трговскиот центар да го стават под контрола.
– Влезот во метростаницата пред трговскиот центар е затворен
Полициски екипи поставија безбедносни ленти околу трговскиот центар и ги оддалечуваат граѓаните од подрачјето. Освен тоа, екипите го затворија и влезот на метростаницата пред трговскиот центар.
Се дознава дека во пожарот нема човечки жртви ниту повредени, но има лица кои биле зафатени од густиот чад.
Џан Ерсан, кој работи во канцеларија во близина на трговскиот центар, изјави дека излегле на улица кога забележале дека се крева црн чад и гори покривот на трговскиот центар. Гани Саглар, еден од вработените во трговскиот, изјави дека ја евакуирале зградата кога се вклучил алармот за пожар.
Управителот на Шишли, Ахмет Гази Каја, кој пристигна на местото на настанот, во изјава за медиумите рече дека евакуацијата на граѓаните била извршена преку предните и задните влезови на трговскиот центар.
Наведувајќи дека нема човечки жртви или повредени, Каја рече: „Екипите го блокираа преминот до главната зграда. Продолжуваат со гаснење на пожарот на кровот.“
Каја истакна дека пожарот избувнал на покривот од едно претпријатие, а детални информации ќе се добијат од извештајот на противпожарната служба.
АА
Следете не, не има насекаде