ноември 23, 2024

Утринава Скопје осамна со старите залихи на леб и тоа од специјалните видови, кои во најголемиот дел од продавници останале од вчера. Пекарите ја остварија заканата и не доставувале бел и полубел леб по цена од 33 денари.
Утрово нѐ известија од четирите фурни кои редовно ни носат леб, дека нема да има достава ниту денес, ниту утре, а во петок евентуално ќе има специјални видови на леб, велат од една помала пекара во Аеродром.

Во дел од маркетите, на поголемите трговски синџири, денеска пекарите ги известиле дека денес нема да им достават леб и тие ќе ги продаваат старите залихи.

Според раководителите на маркетите, тие не знаат како денеска ќе го поминат денот, ниту пак знаат дали треба да прават нарачка за утре.

The post Пекарите ја остварија заканата: Нема денес тазе леб по 33 денари ни за лек !!! appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK