ноември 21, 2024

Одржувањето на нивото на висцерални масти на минимум е клучно за здравјето на целиот организам.

Познато е дека исхраната богата со заситени масти и шеќери ги зголемува висцералните масти, но исто така одредена храна помага во нивно намалување.
Една студија покажала дека две билки кои често ги користиме во текот на подготвувањето оброци ефикасно ги намалуваат овој вид масти, а тоа се ориганото и магдоносот.

Имено, истражување од 2012 година открило дека карвакролот – фенол кој се наоѓа во есенцијалното масло на ова растение може да ги намали мастите. За да го извлечете максимумот од овој ароматичен зачин можете да вклучите и масло од оригано во исхраната, кое може да се зема и во облик на суплементи.
Друга студија објавена во 2018 година наведува дека консумирањето магдонос исто така е одлично за топење на висцералните масти. Во рамки на студијата било утврдено зголемување на антиоксидантните активности во организмите на оние кои јаделе магдонос.

„Губењето на вишокот килограми со помош на магдонос, покрај диетите за намалување на телесната тежина, може да го намали индексот на телесната маса, како и да ја зголеми активноста на антиоксидантните ензими“, се наведува во студијата.
Главните причини за таложење на висцерални масти се консумирањето премасна храна и недоволна физичка активност, а експертите наведуваат дека пред сè треба да се променат животните навики во целост.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK