мај 7, 2026

Во сабота, 9 мај, со почеток во 21:00 часот, во Арена Јане Сандански, групата „Нокаут“ ќе одбележи 30 години на музичката сцена со ексклузивно и неповторливо 360° роденденско шоу, кое ветува целосно музичко доживување и уникатна атмосфера од секој агол на арената.

Ова јубилејно издание претставува голема прослава на три децении хитови, емоции и енергија што ја обележаа македонската поп-рок сцена.

На сцената заедно со „Нокаут“ ќе настапат и специјални гости: Игор Џамбазов, Дарко Гелев – Брејк, Лозано, Дупер, Дамјан Пејчиновски, Дарко Димитров и Александар Ристовски – Принц, кои ќе додадат дополнителна магија на оваа незаборавна вечер.

Интересот е исклучително голем, а билетите се во завршна фаза на продажба – достапни се уште ограничен број места .

Картите се достапни на овој линк
https://wayin.mk/shop/events/30-godini-nokaut

Share

The post Скопје подготвено за вечер на емоции и хитови – „Нокаут“ слави 30 години на сцената appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK