ноември 23, 2024

Почина актерот Рик Браунинг на 93 годишна возраст. Тој починал од природна смрт во неговиот дом во Флорида, а семејството ја потврди тажната вест.

„Тој имаше неверојатна кариера во филмската индустрија, обезбедувајќи прекрасна забава постарите и идни генерации“, изјавило смејството.

Рик е американски филмски режисер, актер, продуцент, сценарист и каскадер. Најпознатат е во својата подводна каскадна работа во хорор филмот „Чудовишето од Црната Лагуна“ од 1954 година, во кој играше Гил-мена, мешавина од човек и водоземец, со кој се бореше група научници.

Тој ја повтори улогата во Revenge of the Creature и The Creature Walks Among Us. Меѓу неговите бројни актерски и режисерски оставрувања се и Police Academy 5: Assignment Miami Beach, Flipper, Raise the Titanic, Hello Down There, Salty.

The post Почина Рик Браунинг, каскадерот од хорор филмот „Чудовишето од Црната Лагуна“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK