ноември 22, 2024
„Целта на овој тест беше да се потврдат сите технички специфични карактеристики на моторот на цврсто гориво со висок потисок врз основа на технологијата за контролирање на векторот на потисок.“
Северна Кореја тврди дека успешно тестирала ново стратешко оружје

Северна Кореја денеска соопшти дека извршила „успешно тестирање“ на мотор на цврсто гориво со висок потисок, опишувајќи го како ново „стратешко оружје“ и прво во земјата од таков вид.

Најновите наводи доаѓаат по повеќе од еден месец откако Северна Кореја лансираше десетици ракети и проектили поради заедничките воени вежби спроведени од САД и Јужна Кореја во регионот.

„Важен институт во рамките на Академијата за одбранбени науки изведе успешно тестирање на статичко стартување на мотор на цврсто гориво со потисок од 140 тон-сили, прв од ваков вид во земјата, од теренот за лансирање на сателити „Сохае“, утрото на 15 декември“, објави државната Корејска централна новинска агенција.

Ким Џонг-Ун, генералниот секретар на Работничката партија на Кореја и претседател на Комисијата за државни работи на Северна Кореја, „раководеше со важното тестирање на самото место“.

„Целта на овој тест беше да се потврдат сите технички специфични карактеристики на моторот на цврсто гориво со висок потисок врз основа на технологијата за контролирање на векторот на потисок.

„Овој важен тест обезбеди сигурна научнотехнолошка гаранција за развој на уште еден нов тип стратешки оружен систем“, се вели во веста.

Тестирањето на новото стратешко оружје од страна на Пјонгјанг доаѓа во време на тензии на Корејскиот Полуостров, каде што САД и Јужна Кореја започнаа заеднички воени вежби, додека Северна Кореја лансира десетици ракети, меѓу кои и балистички.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK