Ако сте останале без идеи што да подготвите за ручек, еве рецепт за боранија во кој ќе уживаат и децата и возрасните, а веруваме дека ќе бараат чинија повеќе.
Состојки:
500 грама боранија;300 грама свинско филе;2 моркови;1 главица кромид;1 чешне лук;зачини по вкус.
Подготовка:
Кромидот исечкајте го, па пржете го на масло. Потоа додадете го морковот исечкан на прстени или исечкан по желба и оставете го да се крчка.
Кога ќе се запржи, додадете го месото исечено на коцки, па посолете. Можете да додадете малку вода и да ја динстате додека не омекне.
Кога месото е речиси готово, додадете ја боранијата и полијте вода колку што сакате за да биде густо или ретко.
Потоа можете да додадете зачини и сладок пипер.
Кога боранијата малку ќе се свари, додадете го сокот од домати и варете додека не биде готово.
Овој рецепт е идеален и ако сакате посна верзија (само изоставете го месото) и ако сакате боранија со месо.