мај 2, 2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во текот на денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, кој на одредени места ќе достигнува брзина и над 60 километри на час.

Температурите ќе бидат пониски во однос на претходните денови, со минимални вредности кои на некои места ќе се спуштат и под нулата, додека максималните ќе се движат во интервал од околу 11 до 20 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој повремено ќе засилува, особено во делови од котлината.

Надлежните препорачуваат внимателност поради засилениот ветер и можните краткотрајни врнежи, особено при патување и престој на отворено.

Share

The post Денес не очекува нестабилно време: Дожд, заладување и силен ветер до 60 km/h appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK