септември 28, 2024

Тијана Дапчевиќ не влезе во финалето на Изборот за песна на Евровизија 2023 година. Во Србија вчеравечер се одржа првата полуфинална вечер на Изборот за песна на Евровизија 2023 година, фестивалот на кој се избира српскиот претставник за Евровизија.

Тијана на Инстаграм сподели видео од нејзиниот настап и напиша: „Ви благодарам на сите, не сакаме сите исто. Немаме сите ист слух за музика и очи, и тоа е ок, јас и понатаму го обожавам овој фестивал и верувам во него. Горда сум ан целиот тим, ве сакам и ве повикувам и понатаму да слушате квалитетена музика“, вели Тијана.

Во финалето на Избор на песна за Евровизија се пласираа Стефан Шај, Принц, Браќата Блуз, Борис Суботиќ  Лук Блек.

Во двете полуфиналиња учествуваат 16 композиции. Од првото и второто полуфинале ќе се пласираат осумте најдобро рангирани композиции.

Второто полуфинале е закажано за четврток, а финалето во сабота.

The post Тијана Дапчевиќ не влезе во финалето на Беовизија: немаме сите ист слух за музика appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK