ноември 23, 2024

За прв пат Општина Илинден склучи договор со Државниот архив, со кој ќе се врши средување, ставање ред на целокупниот архивски и документиран материјал со изминати рокови за негово чување и комплетна заштита на архивската граѓа.
По тој повод градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски оствари средба со директорот на Државниот архив, Емил Крстески на која подетално се утврдија сите насоки за работа.
Со реализација на овој проект ќе биде опфатен целокупниот архивски и документиран материјал од 1996 година, кој досега воопшто не бил средуван. Со ова ќе се обезбедат подобри просторни услови за чување на предметите во архивата на Општина Илинден.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK