Најмалку 72 повредени патници се хоспитализирани.
Бројот на загинати во железничка несреќа во северна Грција достигна 38, а најмалку 15 лица сè уште се водат како исчезнати, пренесува Анадолу.
Најмалку 72 повредени патници се хоспитализирани, јави државната новинска агенција АМНА.
„Педесет и седум, од кои шест во одделите за интензивна нега, се на лекување во блиските болници“, објави новинската агенција.
Се истакнува дека меѓу жртвите има девет вработени на железницата и студенти кои се враќале на факултетите во Солун од Лариса и Атина.
Тимовите за пребарување и спасување работат на извлекување на евентуални преживеани од остатоците на возот со помош на најмалку два крана, кои се користат за отстранување на патничките вагони.
На местото на несреќата има возила за Брза помош и противпожарните возила, а психолози се испратени во Општата болница во Лариса за да пружат помош на семејствата на жртвите и повредените.
Никос Сгурис, еден од спасувачите, за Анадолу изјави дека постојат две главни причини зад големиот број на жртви.
Прво, и двата воза се движеле со голема брзина, и второ, пожарот дополнително се разгорел од маслото за јадење складирано во просторот на ресторанот.
Василис Илиопулос, друг волонтер спасувач, изјави дека е малку веројатно некој да биде извлечен жив од остатоците.
– Туркије упати сочувство по несреќата –
Соседна Туркије изрази сочувство и жалење за загубата на животи.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упати порака со сочувство до грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и до грчката претседателка Катерина Сакеларополу.
Турското Министерство за надворешни работи упати сочувство до семејствата на загинатите, до грчкиот народ и грчките власти.
Дополнително, турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, во телефонски разговор му го пренесе своето сочувство на грчкиот министер Никос Дендиас.
Следете не, не има насекаде