ноември 23, 2024

Десетгодишно момче од Алексинац, Србија, ја земало заштедата на родителите од 3.000 евра и им ги делело на соучениците во школо.  Ученикот од пето одделение во основно училиште само сакал да биде популарен меѓу своите врсници како момче од богато семејство.

„Во  одделението има  едно момче од богати родители кое носи пари и им купува на децата  пица, колачи, сокови. Потоа другото момче, гледајќи дека овој со парите дека е популарен, реши и тој со пари да се чалами низ школото “,  открил извор за српскиот портал 24/7.

Момчето ја зело целото заштеда на семејството од 3.000 евра и почнало да им ги дели парите на пријателите на големиот одмор. Децата тоа го сфатиле како забава се додека едно дете не дошло дома и мајка му му нашла 300 евра во неговите пантолони. На крајот за се биле известени родителите, а децата признале дека парите им ги дал соученик.

Парите се вратени на родителите на момчето.

The post Дете од Србија украло заштеда на родителите па делело евра низ школо за да биде популарно appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK