ноември 24, 2024

Смоквите многумина ги нарекуваат природни „слатки“ затоа што се исклучително богати со шеќер. Покрај тоа тие содржат протеини, но и калциум, витамин К, калиум, железо и магнезиум.

Во сезоната, тие остануваат свежи и до 10-на дена, но затоа се достапни во текот на целата година во сушена состојба. Поради шеќерот треба да се ограничи нивното консумирање, но и другите состојки се благотворни за целиот организам.

Им се препорачуваат на сите кои имаат проблеми со дигестивниот систем затоа што функционираат како природен лаксатив. Високата содржина на растителни влакна ги прави идеални за здравјето на цревата. Докторите ги советуваат како видови пробиотици – храна која е корисна за бактериите во нашиот стомак.
Смоквите треба да ги јадат сите кои сакаат да ја сочуваат густината на коските. Како што старееме, промените во телото доведуваат до поголемо апсорбирање на калциум од нив, па треба да се јадат намирници кои го имаат во изобилство.

Благодарение и на значајната количина на калиум, сувите смокви се добри за регулирање на крвниот притисок. Со тоа организмот го штитат и од срцев и мозочен удар, како и од атеросклероза.
Со оглед на количината на витамин К во смоквите, пациентите кои консумираат лекови за разредување на крвта треба да се консултираат со доктор и да проверат дали е потребно целосно да ги избегнуваат или можат да ги консумираат барем во помали количини.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK