Џенифер Лопез во една прилика во интервју за „InStyle“ откри дека маслиновото масло е тајната за нејзиниот младешки изглед, но можеби сепак не е единствениот трик поради кој има совршена кожа.
Имено, на ТикТок профилот @needthedeets е објавено видео од пејачката во кое таа промовира спортски напиток, а во еден момент се случува пропуст кој ја открива вистинската состојба на нејзината кожа.
„Почекајте да „падне“ филтерот за да ја видите вистинската текстура на кожата на Џеј Ло“, пишува на самото видео.
На почетокот од снимката, кожата на Џенифер е совршено мазна и блескава, но во еден момент кога се приближува до камерата, се случува мал, едвај забележлив пропуст кој го открива изгледот на нејзиното лице без филтер.
Пејачката брзо се оддалечила од камерата и нештата се вратиле на свое место, но тој момент бил доволен да предизвика вистинска лавина од коментари на ТикТок.
Мала грешка во ТикТок видеото на Џеј Ло открива како изгледа нејзиното лице без филтери
„Како скокнува наназад кога сфаќа дека филтерот не функционира“, напишал еден Тиктокер, но многумина истакнале дека Џеј Ло изгледа одлично и дека филтери не ѝ се ни потребни.
„Поентата на овие коментари е дека сите се согласуваме дека изгледа супер, но таа сепак се одлучува за филтери“, „За нејзините години изгледа неверојатно“, „Таа постојано снима видеа без филтери и изгледа одлично“, се дел од коментарите под објавената снимка.