Истражувач вели дека наишол на биолошка опасност во еден напуштен објект во Оклахома. Кога подетално ги разгледал просториите сватил дека станува збор за напуштена болница, која била користена за истражување и тестирање на животни.
Болницата е затворена во 2012 година, откако градот направил нова зграда. Но, од видеото кое е објавено на BigBankz, се гледа дека во неа има разни биолошки опасности. Во теглите биле оставени мозоци од мајмуни и други органи, кои сега изгледаат страшно.
Можат да се видат шприцеви и други предмети кои експертите ги користеле за истражување, а кои ги оставиле зад себе. Имало и чудни справи. Во напуштената зграда имало и кафези во кои некогаш веројатно биле чувани животните, додека бројни документи сè уште стојат во кутиите.
The post Истражувач во напуштена болница која служела за тестирање, во тегла пронашол изваден мозок appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде