Еден од начините за регулирање на ова „нарушување“ е пластичната хирургија, која генерално не ја препорачуваат лекарите
Кај повеќето жени, едната дојка е значително поголема од другата. Најчесто се работи за онаа што е на доминантната страна: за левак – левата, за деснак – десната. Зошто се случува ова и дали е опасно по здравјето, објасни рускиот пластичен хирург Вахан Азизјан.
Најпрво, според лекарот, таканаречениот дефект на млечните жлезди може да се поврзе со генетска предиспозиција и малформации (отстапувања од нормалната форма) за време на бременоста. Покрај тоа, според лекарите, стекнатата асиметрија често се развива со промени поврзани со возраста кои се случуваат за време на пубертетот, кога градите значително се зголемуваат во големина.
Дополнително, Азизјан додаде дека проблемите со хормоните, намаленото и зголемено лачење, повредите на овој дел од телото, па дури и пореметувањата поврзани со ‘рбетот можат да влијаат на разликите во обликот, големината и „локацијата“ на градите.
Еден од начините за регулирање на ова „нарушување“ е пластичната хирургија, која генерално не ја препорачуваат лекарите. Нееднаквоста во големината на градите се смета за естетски проблем и затоа не претставува опасност по здравјето. Меѓутоа, доколку овој „деформитет“ влијае на самодовербата, го нарушува нормалното функционирање и социјализација на жената, тогаш операцијата е најдобра опција.
Следете не, не има насекаде