ноември 24, 2024

На 02.03.2023 полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба расчистија кривично дело „кражба” од средно училиште на подрачје на Гази Баба, при што беа одземени осум лаптоп компјутери.

Имено, по преземени мерки и активности било констатирано дека делото го извршил малолетник – ученик во училиштето од с.Петровец, скопско.

Со него бил извршен службен разговор во присуство на родител. Притоа, дел од компјутерите биле пронајдени во продажен објект на бул.„Партизански одреди”, при што сопственикот изјавил дека ги откупил од малолетникот.

Предметите биле вратени во училиштето, а по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK