ноември 24, 2024

На 02.03.2023 во 23.15 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници го лишиле од слобода И.И.(47) од Скопје, затоа што во семејниот дом физички ги нападнал неговата 45-годишна сопруга и нејзината мајка.

Тој бил задржан во полициска станица, со него бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот од Единицата за насилен криминал – Одделение за семејно насилство при СВР Скопје ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 02.03.2023 околу 09.30 часот на ул.„Никола Малешевски” во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода П.С. од Скопје, затоа што со остар предмет нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Претходно, тој физички го нападнал и М.М.(54) од Скопје. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK