ноември 24, 2024

Денеска во ЗОО Скопје го одбележавме Меѓународниот ден на дивиот свет

На овој  важен ден за зачувување на дивата флора и фауна и покревање на свеста во нашиот едукативен центар се одржа едукативно предавање  со херпатологот Драган Арсовски од М.Е.Д на тема загрозени видови и како да помогнеме за зачувување на дивиот двет. Наши гости беа дечињата од основните училишта „Христијан Тодоровски Карпош” и „Вера Циривири Трена” кои потоа низ едукативна прошетка низ зоолошката се запознаа со сите наши животни кои се наоѓаат на CITES листата на загрозени видови.

Настанот беше организиран во рамки на проектот финансиран од Европската Унија- „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES” со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање и Делегацијата на Европската Унија.Проектот го спроведува NIRAS од Полска во соработка со локалните партнери Фармахем и Македонско Еколошко друштво.

Оваа година се одбележува и 50-годишнината од Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови на дива фауна и флора- CITES.

Во Зоолошка градина Скопје живеат 31 загрозен вид од CITES меѓу кои се мајмуните, жирафите, рептилите, слоновите, грабливите птици, пингвините, големите мачки и папагалите.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK