април 21, 2026

Актерката Емили Блант блесна на њујоршката премиера на долгоочекуваниот филм „Ѓаволот носи Прада 2“, појавувајќи се во спектакуларен фустан кој веднаш го привлече вниманието на светската јавност.

Фустанот, дело на модната куќа „Скијапарели“, е вистинско уметничко ремек-дело – изработен од слоеви тул во боја на слонова коска и дури 25.000 свилени пердуви. За неговата изработка биле потребни неверојатни 4.000 работни часа, што го прави еден од најимпресивните модни избори на црвениот тепих во последно време.

Горниот дел од креацијата бил дизајниран како впечатлив корсет изработен од пердуви, додека долниот дел се спуштал во драматична, раскошна здолнишна форма која создава ефект на движење при секој чекор.

Целокупниот изглед бил дополнет со внимателно избран накит инспириран од нежни „ливчиња од роза што танцуваат на ветерот“.
Блант носеше ѓердан со 156 култивирани бисери Акоја, комбинирани со 18-каратно розово злато и дијаманти, како и нараквици и обетки со прецизно вградени скапоцени камења.

Луксузниот стајлинг беше заокружен со елегантна висока пунџа, додека шминката со црвен кармин и нагласени очи ѝ даде класичен холивудски изглед.
Премиерата, одржана во Линколн центарот во Њујорк, собра бројни ѕвезди од филмот, меѓу кои и Мерил Стрип, Ен Хатавеј и Стенли Тучи, со што настанот прерасна во вистински моден спектакл.

По цели две децении од првиот дел, продолжението на култниот филм не само што донесе возбуда кај фановите, туку и уште еднаш потврди дека модата и филмот одат рака под рака – особено кога на сцената се појавуваат вакви впечатливи креации.

Share

The post Луксуз на црвениот тепих: Емили Блант во фустан од 25.000 пердуви – ремек-дело создавано 4.000 часа appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK