Наполи го казни Ромелу Лукаку со 150.000 евра, што е 20 проценти од неговата бруто месечна плата, објави „Ла Газета дело Спорт“. Како што стојат работите, разделбата на лето изгледа сè поизвесна.
Белгискиот напаѓач се врати во Неапол од Белгија на почетокот на неделата, по повеќе од две недели отсуство без дозвола од клубот, и во таа прилика разговараше со спортскиот директор Џовани Мано. Клубот му дозволи да остане во Антверпен, но со финансиска казна за недозволено отсуство.
Во понеделникот, на состанокот присуствувл и менаџерот на Лукаку, Федерико Пасторело, кој во наредниот период ќе биде задолжен да најде нов играч за својот клиент.
Напаѓачот има договор со Наполи до летото следната година, но сè укажува дека соработката ќе биде раскината веќе ова лето.
Сезоната за 32-годишниот фудбалер не започна добро, бидејќи тој доживеа сериозна повреда на мускулот на почетокот, што го оддалечи од теренот долго време. Досега, тој има седум настапи и постигнато само еден гол, без ниту еден натпревар во почетниот состав.
Според италијанските медиуми, Лукаку не се сретнал со тренерот Антонио Конте во понеделникот, но се надева дека ќе биде подготвен за крајот на сезоната во Серија А.
Планот е да ги помине следните две недели во Белгија за целосно да ја залечи повредата и да биде достапен за последните три натпревари во првенството.
Fptp/ Depositphotos
The post Наполи жестоко го казни Лукаку appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
