Ирена Лозана е жена која носи многу инспиративна приказна со себе. Сопруга и мајка на три деца, со животна адреса во Скопје. Откако на нејзиниот син Кан му е дијагностициран аутизам, нејзината животна мисија се насочува кон децата со нетипичен развој и нивните родители.
Овој пат таа сподели една емотивна објава на својот профил на Фејсбук, посветена на роденденот на Кан, со цел да ја подигне свеста за инклузијата.
„Вчера на Кан му беше роденден. Иако како секогаш планиравме да му го славиме роденденот во градскиот парк на поканата на едни драги гости се случи следново …Нашата драга пријателка Марија наместо само да дојде на роденденот решила да го изненади Кан некако поинаку…За оние кои го познаваат Кан знаат дека е на аутистичен спектар и дека оваа година е целосно заљубен во Супер Марио, Кан е облечен како Марио по цел ден и секаде така шета….Некој се шета во „Најк“ и во „Гучи“ некој дотеран како Супер Марио…Пишува Женски Магазин.
Да се вратам назад, Марија почнала да бара костум од Супер Марио за да го изненади Кан на забавата, ама барајќи костум дошла до Игротеката Супер Марио и до прекрасната Дијана сопственичка на игротеката. Кога Марија објаснила за што ѝ треба костумот Дијана ѝ рекла „Да си дојдете вие кај нас оти надвор е ладно па на Кан да му го направиме роденденот во игротека. И така би, тетка Дијана го почасти Кан со цела организација за неговата роденденска забава вклучувјаќи ја и тортата…секако со Супер Марио.
Кан беше радосен поради многуте работи кој за него беа радост таму.
Е сега сакам да ја нацртам малку и онаа другата страна на семејствата и на децата со попреченост кои се обидуваат да го социјализираат своето дете на „класичните” начини како што се роденденска забава во игротека каде што родителите сè органиизраат и се надеваат дека барем за тој ден нивното дете нема да се почуствува само,отфрлено, и дека ќе успее да се социјализира и да создаде некакво или пријателство или пак барем тој ден да поигра или пак само да биде со другите деца бидејќи сепак нели тој ден гостите се дојдени за него.
На роденденската забава како што може да видите имаше само две другарки од неговото одделение, нашето семејство и вработените во игротеката (кој беа прекрасни домаќини).
Да ми се случеше ова пред неколку години кога Кан бесе помалеќок и додека сè уште бев во тага и во збунетост веројатно ќе плачев цел ден и ќе се секирав што ќе биде со моето дете и каков неспособен родител сум јас, и веројатно ќе се решев да се изолирам уште повеќе и никогаш да не направам ни забава за него ни ништо. Јас знам дека многу посебни родители го чувствуваат истово секој ден.
И фала Богу не сум таму веќе неколку години наназад, работам силно на себе и на подигање на свеста на моето семјство и на другите околу мене.
НО за жал многу семејства не се во оваа состојба, голем број семејства поточно родителите на децата со посебности се изолираат од страв, од тага па дури и со гнев на сè што се случува околу нив.
И сега после ова веќе сме подготвени да одбереме страна и да кажеме … На што личи ова како можеле вака родителите на другите деца….и да ги обвиниме и да станат лошите во приказнава.
Не го пишувам ова за да го зголемам гневот и осудата, напротив не сакам да ги обвинувам родителите на децата од нашето одделение што не ги донеле децата…Знам дека секој има свои обврски и дека сите сме презафатени со себе и со своите проблеми.
И знам дека колку и да мислиме дека сме инклузивни подсвесно стравот од различното некаде длабоко ќе превладее да не се ангажирам повеќе и да направам нешто посебно.
Така и сега, знам дека никој не мислел лошо и дека никој не помислил дека неговото отсуство ќе направи толку голема дупка. НО дупката се случи.
Тажно е, но сè помалку сакаме да превземеме лична одговорност за нештата во нашиот живот и за луѓето околу нас бидејќи мислиме дека одговорноста да се биде инклузивен е тешка работа. Треба само да разбереме дека за да се биде инклузвен потребно е само да се сака и да се има волја.
Позитивната дискриминација е повеќе од потребна бидејќи негативната дискриминација е огромна..Тоа значи дека ако едно дете со попреченост и едно вакво семејство се охрабриле да направат забава бидете таа светла точка и покрај сè да им го направите денот поубав и тие родители да добијат повеќе волја да не се затворааат дома.
Вашето присуство можеби мислите дека не значи многу но вашето отсуство може да значи уште повеќе. Кога велам присуство не мислам само на физичко присуство туку многу поважно, присуство и свесност за сопствените акции и постапки. Сепак секој сака да види поубав, порадосен и поспокоен свет околу себе. На секој од нас е да го создаваме тој свет.
И сега да ве пренесам во она што иде и зошто е такво какво што сметав дека е најдобро да биде.
Неколку години по ред роденденот на Кан го правиме во парк на првото лјунфер брдо кај чешмичката.
Прво таму решив да биде бидејќи е отворен простор во природа каде што децата се слободни, а родителите можат лесно да ги следат без да се стресуваат.
Втората причина е што целата забава е многу опуштена и неофицијална.
Трето е што сите сто решиле да дојдат знам дека ќе ја искористат шансата и ќе се прошетаат низ парк тој ден и ќе си поминат уште поубаво и покрај забавата.
И четврто во текот на забавата таму каде што сме поминуваат други луѓе си полнат вода седнуваат да се одморат и кога ќе видат дека има роденден му честитаат на Кан.
Таму Кан никогаш не е сам.
И утре ние повторно ќе правиме роденденска забава во парк и ги поканавме нашите пријатели и сите деца од одделението и секако целиот парк. Храна не знам дали ќе има за сите, но ќе се потрудиме.
И сега следното и многу важно нешто … Утре можеби ќе врне а можеби и не…Ние ќе се спремиме ќе се облечеме и ќе си земеме чадори, а башка таму има и стреа. Не го менувам датумот бидејќи треба да научиме дека природата е тука за да уживаме во секое годишно време и во сите нејзини убавини. Ако ни заврне барем ќе бидеме едни до други и ќе уживаме во дождот. Се гледаме во парк.“
The post Жална Македонијо: На роденденот на аутистичниот син дошле само две другарки од одделението… appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде